Начин на испорака

Сите производи ќе Ви бидат доставени на адресата за испорака која задолжително треба да ја доставите при креирање на нарачката. Пратките се испраќаат преку поштенските компании во Македонија. Цената на испораката изнесува 150 ден, со вклучен ДДВ од 18%.

Периодот за испорака е во зависност од локацијата за испорака. Предвидено време за испорака е 48 часа и во согласност со нашите можности, призводот ќе Ви биде доставен во најкус можен рок. Испорака во сабота по 15 часот, во недела и на државни празници не се врши. Пред испораката на производот купувачот ќе биде телефонски контактиран, на телефонскиот број оставен за контакт, за потврдување на датумот и времето на испораката. Доколку нарачката е направена по 17 часот, истата ќе биде проверена од наша страна наредниот работен ден. Во рокот на испорака не се пресметуваат викендите и неработните денови

Секој купувач е должен при превземање на производот, да го провери од евентуални оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува. Доколку производот е испорачан оштетен, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да не информира веднаш, како би превземале мерки за отстранување на ненамерната грешка. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на купувачот. Во случај купувачот да сака да го врати производот, не по наша вина или вина на доставувачот, тогаш трошокот за транспорт паѓа врз купувачот.