За Нас

Home box е визија на еден млад дизајнер кој сонува да креира производи кои ќе бидат составен дел од животот на секој дом.

Сè започна во 2008 година, родено од стотици тетратки полни со цртежи и идеи во комбинација со функционалноста, производството и издржливоста на мебелот. По дипломирањето на универзитетот, тргна во потрага по изучување на праксата во производство и трговијата кој во 2017 започнува со салон за мебел во Прилеп. По краткото работење со трговија на физичка локација, со цел задоволување на потребите на клиентите, поедноставување на работењето и пратење на светските трендови HomeBox целосната продажба ја фокусира на онлајн продажба на продуктите од сопствено производство.


Во Македонија, трендот на материјалното парче совршеност беше иверицата, разни видови иверици, од сите замисливи бои. Нашите дизајн идеи, кои се суштината на проектот Home box се базираат само на употребата на материјали од дрво. До пред неколку години коцептот на самопроизводсто во Македонија беше скоро непознат, како и свеста за одржливост и почитување на природните ресурси во производите за внатрешно уредување.
Мебел со добар квалитет за секојдневна употреба не беше достапен во големи размери. Дизајнерите имаат за цел да создадат мебел производи со висок квалитет, со многу високи трошоци достапни само за малкумина.


Со цел да го надминеме лудилото на обоената иверица, и сè побрзото темпо на системот заснован на потрошувачка и трендови што беа се освен еколошки, Home box започна да го гради својот идентитет со (flat pack) лустери и мебел парчиња еколошки спакувани во мал пакет амбалажа.
Првиот чекор бeше да се изберат производи меѓу стотиците идеи и дизајни. Нема многу правила што треба да се следат, само некои основни принципи. Избраните производи треба да бидат: едноставни, практични дизајни направени само од дрво, без потреба од дополнителни додатоци или алати, без скапи завршетоци со што се добива уникатност во минимализмот во секој поглед на производството ентериерот и животната средина. Материјалот требаше да се најде во Италија или во Европа, со цел да се најдат високите еколошки стандарди (наречени FSC-дрво од обновливи ресурси и emissions dans l’air interieur A+ – бои и лакови на водена база кои не испуштаат штетни хемикалии и не ја загадуваат животната средина).


Како што поминуваше времето, сепак, концептот за екологија стана дополнителна пазарна стратегија и продажбата и купувањето зелени производи стана нов тренд. Ако во 90-тите години имавме пластика, сега имаме „екологија“, многу екологија, екологија на сите замисливи бои и вкусови, но Home box ја продолжува својата независна борба против каприците, против масовна и жестока потрошувачка на не еколошки производи.
Home box продолжува да ја создава својата историја (one piece is timeless in bright interior). Тоа е единствениот flat pack дизајн мебел со Македонско потекло, кое може да се прилагоди на промените и со текот на модата и времето, лесно се склопува и расклопува без завртки или сведени на минимум, флексибилни дизајни кои можат да се трансформираат, толку оригинални што не се само парчиња мебел, туку персонализирано искуство со трендот на дрво кое никогаш не застарува.

НАШИ КРИТЕРИУМИ

ОСНОВЕН ДИЗАЈН

ПРИРОДА: човекот надвор од природата има искривена перцепција за светот, ги задоволува своите инстинкти во отуѓена димензија.

Нема директна врска помеѓу потребата и достапноста, ниту перцепцијата на границата. Homebox е природа, без отпад, без претензии.

ФЛЕКСИБИЛЕН ДИЗАЈН

ЕВОЛУЦИЈА: органска димензија на Home box. Инстинктите што остануваат исти не се развиваат, свеста го контрабалансира инстинктот, исто така не страдаат од ефектите на еволутивните процеси.Home box се развива, менувајќи се според вашите потреби.

ОРИГИНАЛЕН ДИЗАЈН

ХАРМОНИЈА: како сама вредност, перцепцијата за хармонијата е наследство на малкумина. Уметноста и хармонијата се критериуми кои даваат форма на вредностите на Home box и ги вклучува сите горенаведени критериуми.

ОДРЖЛИВ ДИЗАЈН

Анти-конзумирање: да се заштити хармонијата и да се создаде нова рамнотежа помеѓу луѓето и природата. Нашите дизајни треба да траат, наспроти планираната застареност што преовладува на пазарот.Home box производите се изградени да траат, доколку некогаш се оштетени, лесно може да се санираат.

ДЕМОКРАТСКИ ДИЗАЈН

БАЛАНС: потребата од ребаланс на односот помеѓу инстинкт и свест. Дали сакаме „луксузен дом“ што е исто така „ниска цена“? Тоа не е можно. Можеме да имаме дом со квалитетен мебел по вистинска цена. Тоа е HOME BOX.

HOMEBOX МАТЕРИЈАЛИ

ДРВО

Бреза, Топола и Иломба шперплочи: претставениот материјал од HOME BOX производите ги отелотворува сите квалитети за производство на уникатни, висококвалитетни, трајни дизајни. Бреза, Топола и Иломба  шперплоча е полу-готов материјал направен од повеќе слоеви на дрво чии вкрстени влакна ги прават панелите со дебелина од 4мм до 10мм многу стабилни. Панелите се сечат со милиметарска прецизност на ласерскиот зрак, добивајќи ги поединечните компоненти за секој производ на HOME BOX. Панелите се сертифицирани Е1 и FSC што гарантира дека содржината на формалдехид во лепилото и плантажна шума од овие видови на дрва кои растат во Италија и ги исполнуваат специфичните параметри дефинирани со тековните регулативи за обновлива и здрава животната средина во светот.

ФИНИШ И БОЈА

Производите може да се испорачуваат лакирани со воден лак, бајцирани и лакирани или со водена боја комплет. Финишот може да биде неутрален / безбоен или обоен (со околу 30 различни нијанси бои, со можност по нарачка од RAL карта). Користените бои ја имаат етикетата ЕкоЛабел А+, со која се потврдува усогласеноста со европските регулативи за да се намали влијанието врз животната средина.